Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!

Скопје 


-

 

Почитувани,                                          македонски / български

Добре дојдовте на веб локацијата на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија.
Овде ќе најдете информации за нашата работа, програмите од изминатите години, проектите што ги планираме во 2016 година, нашите иницијативи, заложби, секојдневно работење.

Повелете, посетете не!
Со почит,
Културно-информативен центар на Р.Македонија

М-р Васко Шутаров
Директор на Културно-информативен центар на Р.Македонија во Софија
тел/факс: 02 / 9461492

НАСТАНИ ...

-На 21 септември во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена проектната изложба "Љубов меѓу мајка и син" од Дороти Пачкова. На изложбата која во присуство на авторката и пред бројната публика ја отвори директорот на Центарот во Софија Васко Шутаров, беа претставени 12 дела кои ја симболизираат отворената интерактивна комуникација помеѓу ликовната уметница и нејзиниот 4 годишен син. На вечерашнава изложба, родители и деца беа поканети да учествуваат во создавањето ликовни дела.

1   1

1   1

-На 21 јули во галеријата на Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше отворена изложбата "Импулси" од скулптурот Слободан Милошески

Милошески пред публиката во Софија се претстави со дванаесет скулптури, изработени во комбинирана техника, како продолжение на еден пообемен творечки циклус наречен "Аналогни пулсирања". Изложбата ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров.

1   1

1   1

-На 14 јули, во Пловдив беше отворена ликовна изложба, на кои изложуваа тринаесет македонски уметници, обединети во концепцијата "Конекција 2". Балабановата куќа, една од најпознатите музејско-галериски простори во Стар Пловдив, беше домаќин на настанот што беше во организација на Културно-информативниотЦентар на Р. Македонија во Софија. Пред голем број посетители, изложбата за отворена ја прогласија Валериј Ќорленски од Општинската фондација "Пловдив 2019" и Васко Шутаров, директор на македонскиот Центар во Софија. На изложбата беа присутни и Амбасадорот на Р. Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев и конзулот Ненад Младеновиќ.

1   1

1   1

-На 5 јули, во Регионалната библиотека "Захариј Књажевски" во Стара Загора беше одржана вечер посветена на македонската култура.

На ова прво целовечерно претставување на нашата култура, актерите Иван Калошев и Тодор Тодоров од Драмскиот театар "Гео Милев" во стара Загора интерпретираа стихови на македонски и бугарски јазик од Ацо Шопов, Анте Поповски, Богомил Ѓузел, Веле Смилевски, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров.

Директорот на КИЦ на Р Македонија во Софија Васко Шутаров, на отворањето на оваа културна вечер, на Библиотеката во Стара Загора подари десетици книги и од авторите кои беа читани но и од други познати македонски писатели. Свое обраќање по повод вечерта на културата од нашата земја имаше и Снежана МАринова од име на Регионалната библиотека и претставници од Општина Стара Загора. Во продолжение на вечерта, беше отворена изложбата "Конекција 2" на која со свои дела се представија 13 македонски ликовни уметници, кои во моментов живеат и работат во Р. Бугарија.

1   1

1   1

-На 17 јуни, во рамките на 12 Меѓународен фестивал на уметностите "Борис Христов" беше одржан камерниот концерт "Славјанска беседа" на македонската оперска певица (сопран) Гонца БогоромоваКраповски и бугарскиот пијанист Милан Станев. На програмата на концертот беа композиции на С. Рахмањинов и П. И. Чајковски.

Концертот беше организиран во соработка на Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија и Музичкиот Центар "Борис Христов", во рамките на циклусот музички концерти насловени како "СкопјеСофија".

1   1

1   1

-На 10 јуни, во рамките на 12 Меѓународен музички фестивал "Борис Христов" беше одржан концерт за виолина и пијано со македонските музички уметници и педагози Михајло Куфојанакис и Тодор Светиев. Вечерта беше посветена на дела од македонски композитори Т. Зографски, К. Македонски, В. Николовски, С. Стојков, Р. Аврамовски.

Концертот беше организиран во соработка на Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија и Музичкиот Центар "Борис Христов", во рамките на циклусот музички концерти насловени како "СкопјеСофија".

1   1

1   1

 

-Македонско учество на Фестивал на Франкофонијата во Созопол, Р. Бугарија

Од 3-8 јуни, во Созопол се одржа Шестиот Фестивал на Фрнкофонијата "Солеј". Годинава свое учество на Фестивалот и свои културни програми освен нашата земја, имааФранција, Белгија, Романија, Грузија, МАроко, Либан, Турциј и домаќинот Бугарија. Домаќин и организатор на фестивалот и ова година беше г-ѓа Александра Исајлова, а главен покровител Општина Созопол.

6 јуни помина исцело во знакот на македонската култура. Најпрво, во 14,00 часот во просториите на Советот на Општина Созопол, директорот на македонскиот Културноинформатицен Центар во Софија Васко Шутаров заедно со проф. Димитар Веселинов од Софискиот Универзитет одржаа предавање за дипломатскиот протокол. Во вечерните часови, во Археолошкиот Музеј на Созопол беше отворена ликовната изложба "Конекција 2", на која беа представени дела на македонски ликовни уметници кои живеат, работат или студираат во Бугарија. Годинава, специјално за Фестивалот авторите подготвија дела со француска тематика. Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор и голем медиумски интерес, беа представени дела од уметниците Перица Георгиев, Зоран Мише, Горан Тричкоски, Иво Пецов, Павел Целкоски, Марјан Ѕингаров, Јана Луловска, Слободан Милошески, Адриана Јованоска, Ице Огненовски, Иван Стоименов, Јовица Миленов и Маријана Иванова.

1   1

1   1

Во истиот простор во 20,00 часот, концерт за виолина и пијано во полна сала, одржаа Момчило Куфојанакис и Весна АнгеловаХристова. НА програмата беа исполнети дела од Јоханес Брамс, Лудвиг Ван Бетовен, Камиј Сен Санс и Јожен Изаи.

Во рамките на Фестивалот на Франкофонијата "Солеј" во Созопол, се одржа и меѓународна ликовна колонија на која за прв пат учествуваа и македонски ликовни уметници. Свои дела инспирирани од поднебјето на Созопол на 7 јуни изложуваа Мирјана Крстева-Масети, Андријана Мациев, Иво Пецов и Марјан Ѕингаров.

1   1

1   1

-Од 9 до 19 мај, на Софискиот Универзитет и неколку други локации во Софија, се одржа традиционалниот Меѓународен филмски фестивал за културно наследство "Идоли", на кој Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија се претстави со документарниот филм "Вања, со маки сум се родила", посветен на легендата на македонската народна музика Вања Лазарова.

1   

-Од 13 до 15 мај, во соработка со ИК "Макавеј" од Скопје, се одржа традиционалната, деветта по ред "Македонска книжевна визита во Софија". Беа претставени книжевни портрети на Веле Смилевски за чие дело зборуваа Бранко Цветковски и Санде Стојчевски и портрет на доајенот на македонската книжевност за деца Стојан Тарапуза, за кого зборуваше проф. др. Кристина Николовска.

1   1

1   1

Македонската книжевна делегација, освен овие познти писателски имиња, беше во вистински репрезентативен состав: Раде Сиљан, Весна Ацевска, Иван Антоновски, Диме Ратајковски, Борче ПАнов и проф. Илија Велев. Традиционалната награда за промоција и афирмација на маедонската литература "Македонски книжевен Дедал" ја доби познатиот бугарски поет, литературен критичар и книгоиздател Иван Гранитски.

1   1

-На 11 мај 2016 година, во 70 европски градови, во 12 градови во Р. Бугарија и на 15 различни места во Софија, се одржа Петтата Европска литературна ноќ, на која КИЦ на Р. Македонија во Софија учествуваше по четврти пат. Во просторот наречен "Склад", ул. Г. Бенковски 11, беа интерпретирани стихови од Славе Ѓорго Димоски, од неговата стихозбирка на бугарски јазик "Последните ракописи". Стиховите ги интерпретираа Ѓорги Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.

1   1

1   1

-На 28 април во литературниот клуб "Перото" во НДК, се одржа промоција на бугарското издание на стихозбирката "Последните ракописи" од Славе Ѓорго Димоски. Неговото дело го претставија книгоиздателот Цветанка Еленкова, поетот Владимир Левчев и преведувачот на делото Роман Кисјов.

1   1

-Ретроспективна изложба од 20 дела од Вељо Ташовски на 22 април беше отворена во нашиот Културно-информативен центар во Софија. Изложбата се реализираше во соработка со НАционалната галерија на Македонија а истата минатата година беше поставена во Даут Пашин Амам во Скопје, во Битола , Велес и Штип. На отварањето пред присутните гости и семејството на сликарот Ташовски, се обратија директорот на македонскиот Центар во Софија, Васко Шутаров, кустосот на изложбата Маја Неделковска-Брзанова и Конча Пиркоска, ликовен критичар.

1   1

1   1

Вељо Ташовски е роден во 1949 година, во с. Осој, Р. Македонија. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1975 година во класата на проф. Габриел Ступица, а на истата Академија и магистрира во 1979 година. Бил професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и декан на истиот факултет (2002-2006).

1   1

1   1

-На 16 април во Домот на киното во Софија, беше прикажан дипломскиот филм "Обожение" на македонските режисери Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

1   1

-Од 12-18 април во Културниот центар "Г-8" во Софија, во рамките на "Деновите на филмови од Југоисточна Европа", беше прикажан филмот "Лазар" од најновата филмска продукција во Р. Македонија. Филмот е дело на режисерот Светозар Ристовски и е работен во македонско-бугарска хрватска и француска копродукција, како и со поддршка на "Еуроимаж".

Организатор на овој ревијален филмски фестивал беше Државниот културен Институт на Министерството за надворешни работи на Р. Бугарија. Пред публиката во Софија, филмот го претстави директорот на КИЦ на Р. МАкедонија во Софија, Васко Шутаров.

1   1

-На 13 април, во Бугарската Академија на Науки се отвори изложба со наслов "Сведоштва за Богомилите".

Изложбата беше дел од заедничкиот проект помеѓу МАНУ и БАН "Богомилското движење и богомилската книжевност".

Настанот го отвори академик Стефан Воденичаров, претседател на БАН а од македонска страна свои обраќања имаа проф. др. Вера Стојчевска-Антиќ и проф. др. Маја Ангеловска-Панова.

1   1

- На 7 април во Културноинформативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше отворена изложбата на акварели со наслов "(По)трагите на водатаАкварелот од колекцијата на Националната галерија на Македонија".

1   1

1   1

На изложбата во Софија беа претставени врвни дела од доајените на современото македонско сликарство, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Димитар Аврамовски-Пандилов, Василие Поповиќ-Цицо, Михајло Шојлев и други.

 

1   1

1   1

-На 28 март 2016 Министерката за култура д-р Елизабета Кaнческа-Милевска во работна посета на Софија, во својство на Претседател на Управниот одбор на Форумот на словенски култури.

1   

На 23 март беше отоврена фотографската изложба "Корелација" од Јана Луловска. Беа претставени 22 диптиха-гумотипии, на кои е претставена разноликоста на балканскиот пејсаж.

Јана Луловска е родена во Скопје, 1986 година, дипломирала фотографија на НАТФИЗ во Софија, има реализирано неколку самостојни и бројни групни изложби.

Изложбата ја отвори директорот Васко Шутаров.

1   1

1   1

-На 9 март, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше промовирана стихозбирката "Ѕвезден корен" од академик Анте Поповски, на бугарски јазик. Преводот на ова дело беше помогнато преку Програмата на нашето Министерство за култура за поддршка на преводи на наши автори, во странство. ИЗборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов а во стихозбирката се представени 84 песни, најмногу од неговите последни дела "Две тишини" и поемата "Света Песна". Книгата беше издадена од бугарското книгоиздателство Ерго.

На вечерта посветена на опусот на академик Поповски свои обраќања имаа, Васко Шутаров, Роман Кисјов, МАртин Христов, како и синовите на академик Поповски, Жорж и Александар. Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика.

1   1

1   1

-На 9 март, во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше промовирана стихозбирката "Ѕвезден корен" од академик Анте Поповски, на бугарски јазик. Преводот на ова дело беше помогнато преку Програмата на нашето Министерство за култура за поддршка на преводи на наши автори, во странство. ИЗборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов а во стихозбирката се представени 84 песни, најмногу од неговите последни дела "Две тишини" и поемата "Света Песна". Книгата беше издадена од бугарското книгоиздателство Ерго.

На вечерта посветена на опусот на академик Поповски свои обраќања имаа, Васко Шутаров, Роман Кисјов, МАртин Христов, како и синовите на академик Поповски, Жорж и Александар. Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика.

1   1

1   1

-На 17 февруари, во преполн салон на Култуно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, беше претставен мултимедијалниот проект Конекција 2, на кој беше отворена групна ликовна изложба, беа интерпретирани стихови од македонски поети и исполнети неколку познати македонски песни.

1   1

1   1

 

1   1

1   1

-Од 11 до 13 февруари се одржа Меѓународниот саем за туризам во Софија на кој Р. Македонија се претстави со свој штанд. Покрај бројните посетители интерес за нашиот штанд покажаа Министерката за туризам на Р. Бугарија, Николина Ангелкова и советникот на Министерот за туризам на Египет, Адел Ел Масри.

1   1

1   1

-Во организација на Бугарската академија на науки и Македонската академија на науки и уметности, Министерството за култура на Р. МАкедонија и Сојуз на бугарските уметници на 20 јануари 2016 во просториите на Сојузот на бугарските уметници во Софија беше отворена ретроспективната изложба на истакнатиот македонски уметник и академик Глигор Чемерски.

1   1

1   1

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија

Софијa