Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и ИД Макавеј од Скопје, на 03, 04 и 05 мај се одржа Шестата македонска книжевна визита во Софија, чие што одржување придонесува за преставувањето на современата македонската литература, нејзините дострели и современи автори пред бугарската јавност, како и за збогатувањето на меѓусебната соработка на македонските и бугарските писатели.

Директорот на Културно-информативниот Центар Васко Шутаров, во пресрет на празникот на просветителите светите браќа Кирил и Методиј и во пресрет не Европскиот ден на читањето 15 Мај, ја прочита пораката на Унеско по повод Светскиот ден на книгата и одржа пригодна реч за неодамна починатата, големата поетеса Светлана Христова-Јоциќ.
Бројните претставници од културниот живот во Софија присутни на манифестацијата, ги поздрави писателот Бранко Цветковски, кој во соработка на издавачката куќа Макавеј и со подршка на Министерството за култура е иницијатор на ова веќе традиционално дружење на македонските и бугарските поети.
Актерот Томе Витанов во една бравурозна интерпретација, успеа да ги долови највисоките антологиски дострели на македонската поезија.
Свои стихови освен Цветкоски, исполнија и Паскал Гилевски, Братислав Ташковски, Јовица Тасевски-Етернијан, Трајче Кацаров, Виолета Танчева-Златева и Владимир Мартиновски.
Визитата на македонските поети продолжи и следните два дена со низа од програми и содржини меѓу кои и доделувањето на традиционалната награда Македонски книжевен Дедал, која годинава му се доделува на бугарскиот поет,културолог и преведувач, Николај Шопов.

   
   
                                                                       Од книжевната визита

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија