Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и ИД "Макавеј" - Скопје, на 16 март во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска поетеса Весна Ацевска. За творештвото на Ацевска говореја познатата бугарска писателка Екатерина Јосифова и македонскиот писател и книжевен критичар Бранко Цветкоски, со учество на  познатата бугарска актерка  Бела Цонева Динкова. На книжевната вечер присуствуваше и овогодишниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, добитникот на "Златниот венец" , познатиот бугарскиот поет Љубомир Левчев, кој што упати посебни поздрави до Ацевска.

Весна Ацевска е родена во Скопје 1952 година, дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Пишува поезија и проза, преведува од словенски јазици. Работела во весникот "Република", од 1992 година работи како лектор во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на ДПМ од 1991 година и на македонскиот ПЕН центар (2009 год.).
Автор е на неколку книги поезија: Подготовки за претстава-1985, Карпа за скок-1991, Котва за Ное-1994, Неред во огледалото-1996, Кула во зборот-2005, Столисник-2008. Со нејзина поезија отпечатени се во Р Македонија и странство неколку книги со одбрани песни, вклучително и на бугарски јазик  "Безредие в огледалото" (Софија, 2001 година). Автор е и на проза за млади: Лавиринт (Скопје,1992), Рок видри (1993), Скалила во зеленилото (1994). Го препеала и големиот фински еп Калевала, за што ја добила  наградата за препев "Григор Прличев" за 2000 година. Добитник е на наградата "Браќа Миладиновци" за 2009 година за стихозбирката "Столисник", награда која се доделува за најдобра поетска книга објавена меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија