Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и НУ Центар за култура "Антон Панов" од Струмица на 30 јуни во 18:30 часот во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на современиот македонски сликар Александар Филев. Изложбата ја отвори директорот на Центарот за култура на Струмица Иван Јовев.

Александар Филев е роден во Струмица 1982 год. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација во класата на проф.Благоја Маневски. Од 2001 год. е асистент во отвореното студио за современ мозаик во рамките на Струмичката ликовна колонија. Учесник е во изработката на монументалните мозаици во Пелинце, по повод 60 години од АСНОМ.
Филев учествува со свои дела на десетина групни изложби во Р.Македонија и странство. Негови дела се наоѓаат во многу приватни и државни институции: Меѓународната струмичка ликовна колонија, Музејот за современ мозаик во Bracciano – Италија, како и мозаици во повеќе сакрални објекти.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија