Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, ИД "Макавеј" од Скопје, Сојузот на бугарските писатели и Издаваштво "Бугарски писател" од Софија на 23 октомври во 18:00 часот во Галеријата-книжарница Софија-прес беше промовирана книгата "Дон кихот меѓу албанците" од академикот Али Алиу. Книгата пред бугарската читателска публика ја преставија: Николај Петев-бугарски писател и претседател на Сојузот на бугарските писатели, Николај Шопов-бугарски писател и преведувач и Бранко Цветкоски-македонски писател и критичар.

Академик Али Алиу е роден 1934 год. во Крани, Преспа. Денес важи за еден од најголемите албански литературни теоретичари и критичари.
Автор е на над дваесетина книги со литературна критика, на неколку антологии на албанската поезија. Али Алиу долги години работи како универзитетски професор. Негови поважни книги се: "Истражувања" (есеи и критики,1970), "По стапките на литературата" (1984), "Литературни читања", "Антологија на современата албанска поезија" (2000) и многу други.
Треба да се одбележи неговата важна посредничка мисија помеѓу албанската и македонската литература и култура. Тој ги превел, анализирал и преставил на албански јазик делата на многу македонски автори, меѓу кои на Блаже Конески, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Живко Чинго и
многу други.

   
   
                                                                                 Од промоцијата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија