Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Културно-информативниот Центар на Р Македонија во Софија на 14 фебруари ја претстави пред бугарската јавност македонската пијанистка Ана Гацева со концерт, кој се одржа во престижната Камерна сала-Бугарија.На програмата беа дела од Дејвис, Шуман, Барток и Гинастера.

Ана Гацева завршила пиано на ФМУ во Скопје на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј".Магистрирала на истиот Универзитет. Гацева е првиот доктор по пиано интерпретација во Македонија. Светски познатата Sommer Akademie Mozarteum во Салзбург ја завршила во класата на проф.A.Delle Vigne. Во Париз дипломира и магистрира камерна музика на Ecole Normale de Musique A.Cortot. Ана Гацева од 2004 година работи како доцент по пиано на Факултетот за уметности во Тетово.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија