Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Центарот за култура "Антон Панов" од Струмица, а во соработка со Националниот дворец на културата од Софија, на 31 март во 18:00 часот во Артгалерија - НДК беше отворена изложба  под наслов "Современа македонска ликовна уметност" од фондот на меѓународната Струмичка ликовна колонија. Изложбата ја отворија зам. директорот на НДК Петар Парванов и директорот на Центарот за култура од Струмица Иван Јовев.

На изложбата беа преставени автори со 48 слики, десет цртежи и графики и седум скулптури од шесеетина современи македонски ликовни уметници од фондот на меѓународната Струмичка ликовна колонија. Оваа изложба со својата богата содржина  понудува информации за сфаќањата и случувањата кои се појавуваат во македонската ликовна уметност од педесетите години на дваесети век се до денес. Бидејќи делата се создавани на Колонијата во одредени периоди, таа не преставува целосна историја на современата македонска ликовна уметност, туку таа е пред се синтетички преглед на суштествените појави во досегашниот од на Меѓународната струмичка ликовна колонија, при што презентираните дела најрелјефно го изразуваат творечкиот идентитет и неговата улога и на авторите во македонската ликовна култура.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                                     Дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија