Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и АРТ ФАКТОР од Скопје, на 10 септември во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена изложбата на цртежи со наслов "Поврзувања".
Изложбата ја отворија г-н Васко Шутаров, директор на КИЦ на Р.Македонија во Софија и г-ѓа Маријета Сидовски од Арт Фактор - Скопје.

На изложбата беа претставени дела на 15 уметници: Атанас Ботев, Ибрахим Беди, Ненад Ѓорѓевиќ, Миле Ничевски, Зорица Зафировска (Р.Македонија), Атанас Гаџев, Елена Панајотова, Димитар Јаранов, Еслица Попова, Магдалена Николова (Р.Бугарија), Немања Јовановиќ, Радмила Матејевиќ, Слободан Радојковиќ, Ивана Станковиќ, Соња Вукашиновиќ (Р.Србија).
Изложбата претходно беше поставена во рамките на Скопско лето (Скопје, јуни 2012 г.) и во Ниш, Р.Србија (јули, 2012 г.).
Оваа регионална ликовна соработка е реализирана со подршка на Министерството за култура на Р.Македонија и Дирекција за култура и уметност - Скопје.
Изложбата е отворена за посетители во периодот од 10 септември до 1 октомври 2012 година.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                           Нивни дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија