Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија заедно со Музичка младина на Р Македонија во соработка со Дирекцијата за култура на градот Софија на 16 септември се одржа концерт за четири флејти на групата "АУЛОС" од Скопје, во Софиската градска галерија. На програмата беа дела од Eugene Bozza, Serge Lancen, Jacgues Casterede и од македонскиот композитор и музичар Кокан Димушевски.

Камерниот ансамбл "АУЛОС" на музичката сцена опстојува неколку години постигнувајќи интересни и впечатливи резултати. Членовите на овој релативно млад состав се: Катерина Бачевска, Ангелина Катмерова, Александра Тевдовска и Марија Јакимовска. Овие талентирани млади музичари за своите настапи имаат добиено неколку награди од кои: 1-ва награда 2008 год. на Државниот натпревар во Р Македонија и 1-ва награда 2009 год. на Интернационалниот натпревар во Ваљево, Р Србија.
Покрај заедничките настапи членовите на овој состав настапуваат и самостојно на голем број концерти во земјата и странство.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија