Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со НУ Библиотеката "Гоце Делчев" од Штип, на 9 декември во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа литературна вечер-промоција на книги и преставување на писатели од градот Штип.

На литературната вечер беа изложени 180 книги од над 50-сет автори кои што потекнуваат од градот Штип. Насловите на изложените книги, кои покрај од сите сфери на уметничката литература: романи, поезија, драми и др., се и од различни научни области: историја, археологија, етнологија, фолклористика, антропологија, медицина, економија, политика, технички науки итн.
На вечерта беше направен осврт на научната литература публикувана од автори родени во Штип. Во овој дел посебен осврт беше направен на географската, историската и етнографско-фолклористичката литература, која пред сè ја третира проблематиката поврзана со овој крај, при што беа претставени и неколкуте монографски книги за Штип и Штипско. Претставувањето на научната литература го изврши проф. д-р Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор, кој што ја претстави и мемоарската литература на некои видни штипјани, како што е Никола Кљусев - првиот претседател на Владата на независна Македонија, како и некои од мемоарските записи на други познати штипјани.
Вториот дел на овој проект се состои од претставувањето на уметничката литература напишана од неколку штипски писатели и поети, меѓу кои секако видно место заземаат делата на поетот Ацо Шопов. За опусот на овој познат штипски поет, како и за делата на уште неколку истакнати штипски литерати, осврт направи господинот Трајче Кацаров, познат македонски писател, драматург и публицист од Штип.

   
   
                                                                      Од литературна вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија