Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и КИЦ од Скопје на 8 септември во 18:30 часот во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на современиот македонски сликар Александар Јанкуловски-Цане. Изложбата ја отвори преставник на КИЦ-Скопје, Емил Шулајковски

Александар Јанкуловски е роден 1936 год., во Прилеп. Завршил Уметничкото училиште, а дипломирал на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, оддел сликарство.
Карактеристично за сликарството на Јанкуловски уште на самиот почеток, е фактот што тој ги отфрла сите дотогашни стандарни стилови во сликарството, започнувајќи да гради слики со несликарски материјали: бакар, градежни вреќи, пилевина, пепел, огледало, боја..., и останати материјали - дотогаш незастапени во сликарството во Македонија.
Јанкуловски има над петнаесеттина самостојни изложби, изложувајќи самостојно и групно во Македонија, на ексјугословенските простори, Европа и светот.
Учесник и раководител на ликовни колонии во Македонија и Европа. За своето творештво, добитник е на бројни награди и високи општествени признанија.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија