Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Друштво за издавачка дејност Макавеј - Скопје, на 5 март во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер на современиот македонски писател Драги Михајловски. За творештвото на Михајловски говореја македонскиот писател и критичар Бранко Цветковски и бугарскиот писател и преведувач Здравка Итева.

Роден е 1951 год. во Битола, дипломирал и докторирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работи како професор на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата по англиски јазик и литература. Член е на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар.
Автор е на над десет книги раскази, романи ("Смртта на Дијакот", 2002 год.), книги за деца итн. Преведуван е на многу јазици, неговиот роман "Смртта на ѓаконот" за прв пат е преведен и објавен на бугарски јазик 2002 год., во издание на "Балкани" од Софија. Драги Михајловски за своето прозно творештво е награден со наградата "Стале Попов", а за преведувачката дејност со наградата "Григор Прличев".

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија