Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и ИД Макавеј –Скопје на 23 септември во 18:30 часот во просториите на КИЦ беше преставена книгата  од младиот македонски политичар и публицист Филип Петровски "За нас", која што од македонски на бугарски јазик ја преведе бугарскиот писател и преведувач Николај Шопов. Книгата ја промовираа современиот македонски писател и критичар Бранко Цветкоски и бугарскиот писател Николај Шопов

Филип Петровски е роден 1972год. во Куманово. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Како студент учествувал во студентското движење и протестите 1997 год. Пратеник е од  1998-2001 год., во Парламентот на Р Македонија, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Од  2001 година е назначен за Генерален конзул во Генералниот конзулат на Р Македонија во Њујорк. Сега е директор на Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје.

   
   
                                                                                 Од промоцијата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија