Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Дирекцијата "Култура" при Општината на град Софија на 3 мај се одржа концерт на пијано Дуо Гелебешеви, во Националниот музеј "Земјата и луѓето" во Софија.

Дуото Гелебешеви (Катерина Гелебешева-Костадиновска и Глигор Гелебешев) својот прв настап го бележат во 2001 година, од кога тие остваруваат богата концертна дејност, настапувајќи во речиси сите градови во Македонија.
Катерина Гелебешева-Костадиновска, дипломира на музичката академија во Загреб во 1991 година, а магистрира во Скопје, 1993 год. Добитник е на посебно меѓународно признание за изведба на дела од Борис Папандопуло во Хрватска. Катерина денес работи како редовен професор по пијано на факултетот за музичка уметност во Скопје.
Глигор Гелебешев факултет завршува во Нови Сад. Магистрира на музичката академија во Скопје 1997 год. Добитник е на повеќе награди и активно учествувано на семинари кај истакнати пијанисти и пијано педагози. Денес работи како професор по пијано во ДМБУЦ "Илија Николовски -Луј" во Скопје. Досега имаат настапувано на сите по значајни фестивали во Р.Македонија: Охридско лето, Хераклејски Вечери (Битола), Интерфест-Битола, Златна Лира - Скопје, Денови на Македонска Музика, Штипско лето, Прилепско лето и др.

Со настапот во Париз 2005 година, дуото Гелебешеви ја започнува и својата меѓународна кариера, по што следуваат настапи во Србија, Романија, Холандија, Италија и Полска.
Во 2008 година, го снимаат своето прво ЦД со музика од: Дебиси, Хачатуријан, Шопен, Шабрие и Барток.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија