Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонијаи и Националната галерија – Скопје, во соработка со Сојузот на бугарските ликовни уметници, на 9 септември во 18:00 часот во галеријата на Сојузот на бугарските художници беше отворена изложба на современиот македонски сликар Владимир Георгиевски.

Владимир Георгиевски е роден 1942 година во Скопје, дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград, Република Србија во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата Академија во 1970 година. Од 1983 до 2005 година работел како професор на Архитектонскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Член е на ДЛУМ.
Автор е на над петнаесет самостојни изложби во земјата и странство, изложувал во Италија, Турција, Србија, Австрија итн. Со свои дела учествувал и на голем број групни изложби ширум светот.
Владимир Георгиевски се вбројува меѓу најзначајните македонски современи уметници, сликар со големо, разнородно и значајно ликовно творештво карактеристично по неговата препознатлива особеност.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија