Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 20 април во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа поетска вечер посветена на македонската поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска. Поетската вечер е организирана по повод одбележувањето на петгодишнината на КИЦ на Р Македонија во Софија. За творештвото на Гордана говореја македонскиот поет Михаил Ренџов, Ана и Анго Бојанови, Роман Кисјов, со учество на артистот Вели Чаушев и македонскиот гитарист Миле Каровски.

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена 1940 г. Во Битола, но живее во Скопје. Долги години  работела како уредник во Македонската телевизија. Била стипендиант на Фулбрајтова стипендија в САД – за креативна литература.
Автор е на книгите поезија: “Времето го нема” (1965), “Писма” (1974), “Влегување во Делта” (1981), “Њујорксон” (1993), "Нордиски љубовници” (1993), “Планини од картонски кутии” (1997) - награда “Браќа Миладиновци” на Стружките вечери на поезијата - 1998 г., „Пораките на далечините” (2001), "Толкуване на Морето” (2008), "Безкрајното” (избрано, 2008) и "Докази” (2009). Исто така е автор и на проза: ”Босфорско лето” (1984, разкази) и ”Барање на прикаска” (2001, роман).
Член е на Друштвото на македонските писатели и на Македонскиот ПЕН-центар. Нејзината поезија е преведена на многу јазици. Вклучена е во поетски антологии во Македонија и во странство, влучително и во Бугарија.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија