Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Културно-информативниот Центар на Р.Македонија, Клубот на дејците на културата-Русе и издавачка куќа "Авангард принт"-Русе, на 10 април во 18 часот во Домот на дејците на културата во Русе организираа промоција на книгата поезија "Толкување на морето" од современата македонска поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска.

Гордана Михаилова Бошнакоска е родена 1940 год. во Битола. Долги години била уредник во Македонската телевизија. Била стипендиант во САД-специјализирала креативна литература. Автор е на повеќе книги поезија, проза и есеистика. Стиховите од поезијата на Бошнакоска се преведени на многу јазици. Добитник е на наградата "Браќа Миладиновци" за најдобра книга поезија (1998) на Струшките вечери на поезијата. Членка е ма Друштвото на писатели на Македонија и на Македонскиот ПЕН Центар.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија