Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, во соработка со НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, на 28 април во 18 часот во просториите на КИЦ беше промовирана монографијата "Патот низ времето на Хераклеа Линкестис" од Аница Ѓорѓиевска, археолог под чије раководство се вршат ископувањата и конзервацијата на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис. Во исто време беше отворена ликовна изложба под наслов Хераклеа во делата на уметниците, дела на македонски современи сликари инспирирани од убавините и културното богатство на Хераклеа Линкестис.

 

Аница Ѓорѓиевска е автор на над триесетина научни трудови, меѓу кои и неколку монографски изданија за Хераклеа. Член е на Европската асоцијација на археолози.
Монографијата "Патот низ времето на Хераклеа Линкестис" е прва монографија во која што е прикажана целата историја на овој древен град, од раѓањето, развојот и неговото урбано замирање. Збогатено е изданието со полн колор, терминолошки речник и комплетна библиографија.
Монографијата ја промовира водечкиот македонски археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман.

   
   
                                                                                 Од промоцијата

   
   
                                                                           Од самата изложба

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија