Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Друштво за издавачка дејност Макавеј – Скопје, на 25 септември во 18:00 часот во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер на современиот македонски писател Христо Крстевски. За богатото уметничко дело на Крстевски говореше македонскиот писател и литературен критичар Бранко Цветковски.

Христо Крстевски е роден во 1941 год., во младоста се стекнал со музичко образование,а книжевното образование го оформил на Филозофскиот факултет во Скопје.
Негови објавени дела се: "Жестина" (1982)-роман, "Раскази од равен" (1985), "Тереза хум" (1988)-роман, "Циганско лето" (1986)-роман, "Лавиринти" (1987)-есеи, "Нови ветришта над Равен" (1990)-раскази, "Кралица на грозоберот" (1992)-роман, "Карневалите во Македонија"-студија, "Скротителот" (1994)-раскази, "Виртуоз" (1994)-роман, "Звучна игра" (1996)-роман, "Гнила кобила" (2000)-роман, "Времеубиец" (2001)-раскази, "Равенски етиди" (2008)-раскази.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија