Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 15-ти октомври во 18:00 часот во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на графики од современиот  сликар  Хајруш Исени.

Хајруш Исени е роден во Тетово 1970 год. Дипломирал на факултетот за  ликовни уметности во Тетово, на оделот за графика во класата на професор Агим Салиу. Во текот на 2001 година ги завршил последипломските студии на Академијата за ликовни уметности во Приштина во класата на професор
Фатмир Крипа. Од 1998 година работи како професор на Факултетот за ликовни уметности.

Со своето богато уметничко творештво Хајруш Исени има реализирано осум самостојни изложби  во Р Македонија и странство (САД,Франција,Косово), учествувал со свои дела и на неколку групни изложби во странство (Луксембург, Косово, Бугарија).

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија