Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, во соработка со Соjузот на литературните преведувачи на Македонија, на 27 октомври во 18:30 часот во просториите на КИЦ се одржа изложба на книги "Македонски автори во превод на странски јазици". Изложбата беше претставена од Ташко Ширилов, главен уредник на месечникот "Огледало" при Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.

Списокот на дела од македонски автори во превод на странски јазици вклучува преводи на: бугарски, грчки, руски, романски, шведски, српски, словенечки, хрватски, албански, германски, турски, италијански, француски, холандски, шпански, чешки, украински, полски, монголски, арапски, унгарски, англиски, словачки, малтешки, латвиски, дански, кинески, казакски јазик. Делата се од Славко Јаневски, Анте Поповски, Венко Андоновски, Луан Старова, Блаже Конески, Божин Павловски, Матеја Матевски, Борис Вишински, Ташко Георгиевски, Крсте Мисирков, Паскал Гилевски, Лидија Димковска, Бранко Цветкоски, Гане Тодоровски, Радован Павловски, Раде Силјан, Трајан Петровски, Ацо Шопов, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников, Ристо Лазаров, Владо Малески, Трајан Петровски, Пандо Колевски, Кочо Рацин, Миле Неделковски итн.
Оваа презентација, сама по себе, претставува значаен аргумент за афирмацијата на македонската книжевност и култура на меѓународен план.

   
   
                                                                                   Од изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија