Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Националната галерија на Македонија, на 16 декември во 18:00 часот во просториите на КИЦ беше отворена изложба на современата македонска сликарка Јана Манева - Чупоска.

Јана Манева – Чупоска е родена 1970 година, во Скопје. Дипломирала сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, специјализирала сликарство во Париз и завршила постдипломски студии по сликарство и необично моделирање во стакло на Факултетот за уметност, архитектура и дизајн во Прага, а потоа и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, каде се здобива со диплома Магистер по уметност. Од 1996 година таа е член на ДЛУМ, а од 2005 година и на Друштвото на модни дизајнери на Македонија. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа, а исто така, има реализирано и повеќе самостојни изложби. Има остварено повеќе изведби и видео-арт проекти. Таа, исто така, се занимава и со фотографија и моден дизајн. Автор е на повеќе модни ревии, како и на уникатни модели за голем број македонски поп ѕвезди. Има изработено и модели за театарски и филмски проекти.
Денес работи во сопственото ателје за уметност и мода, но и како вонреден професор на Факултетот за уметност и дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                        Нејзини дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија