Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, во соработка со Асоцијацијата за култура и уметност "Нова линија" од Скопје, на15 јуни во 18:00 часот во просториите на КИЦ, беше отворена изложба под наслов "Генезис"  на современиот македонски сликар Данчо Кал’чев. Изложбата ја отвори ликовниот критичар и историчар на уметноста Златко Тедодосиевски.

Данчо Кал’чев е роден во Скопје 1957 год., каде што дипломира на Педагошката академија во класата на сликарот Ванчо Георгиевски, 1984 год. дипломира  и на Факултетот за ликовни уметности во класата на Димитар Кондовски. Денес живее и работи во Гевгелија. Член е на ДЛУМ од 1984 год.
Со свои дела се преставил со осум самостојни изложби во Р.Македонија, Германија, Австралија, учествувал и во над петнаест групни изложби во земјата и странство. Ликовната критика го смета за еден од најреномираните македонски сликари од средната генерација.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија