Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Друштвата за издавачка дејност Макавеј – Скопје и Мултипринт от Софија, на 11 декември во 18:30 часот во просториите на КИЦ се одржа книжевна вечер на современиот македонски писател Ким Мехмети. За богатото уметничко дело на Мехмети говореја македонскиот писател и литературен критичар Бранко Цветковски и бугарскиот писател Николај Шопов.

Ким Мехмети е роден 1955 г. в село Грчец, Скопско, Р.Македонија. Тој е билингвален писател кој покрај на мајчиниот албански јазик пишува и објавува и на македонски јазик.
Досега има објавено над десетина прозни дела, меѓу кои ги издвојуваме збирките разкази: "Поместени рапсодии", "Начек", "Месечев свет", "Село без гробишта", "Собирачи на овенати цвеќиња" и романите "Седум ноќи тага" и "Село на проколнатите деца". Неговите разкази са преведени на многу јазици и опфатени се во бројни избори и антологии.
Авторот во јавноста е познат и како публицист и есеист.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија