Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Музејот на град Кратово на 8 декември во 18:00 часот во просториите на КИЦ беше отворена историска изложба под наслов "Кратово низ вековите". Изложбата ја отворија раководителите на проектот, директорот на Архивот на Р.Македонија проф. д-р Зоран Тодоровски и м-р Мирјана Нинчовска.

Изложбата е резултат на повеќегодишен истражувачки проект на Музејот за кој што се користени материјали од архивите, библиотеките и музеите на Р.Македонија и Р.Бугарија. На изложбата е опфатен, низ фотографии и документи, најголем дел од богатото историско, духовно и културно минато на градот Кратово кој во својата многувековна историја како резултат на повеќе цивилизации и култури добивал различни имиња.
Во документите е презентирана  богатата духовна и книжевна дејност во скрипториумите на Лесновскиот манастир, на Кратовската книжевна школа како една од најзначајните, житието на заштитникот на градот и маченик за христјанската вера Св.Ѓорѓи Кратовски. Опфатен е и периодот на организираната борба, востанија, против османлиското владеење, како и периодот на формирањето на револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                    Фотографии и документи представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија