Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија на 25 јуни во 19:00 часот во Камерната сала "Бугарија"– Софија, се одржа концерт на македонската пијанистка Кристина Светиева. На програмата беа дела од Клод Дебиси, Јозеф Хајдн и Франц Лист.

Кристина Светиева е родена во Скопје 1985 год. Дипломира во 2006 год. на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Тодор Светиев, а магистрира со "cum laude“ во 2008 год. под менторство на проф. Жени Захариева.
Успешно настапува на подиумите низ Македонија (“Скопско Лето”, “Охридско Лето”, “Денови на Македонска Музика”) и надвор од Македонија (Турција, Италија, Бугарија, Шведска, Холандија, Хрватска, Чешка, СР Југославија).
Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија на натпреварите во Италија, Бугарија, Чешка, ”Охридски Бисер”, Сан Даниеле, Русалка.

Под менторство на проф. Жени Захариева, Кристина ги следи докторските студии на ФМУ во Скопје и специјализацијата на "Scuola Cantorum “ во Париз.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија