Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, во соработка со ИД Макавеј од Скопје, од 15 до 17 мај во просториите на КИЦ се одржа Четвртата македонска книжевна визита во Софија.

На 15 мај во 18 часот во КИЦ се одржа литературен портрет на акад. Ристо Василевски за чиешто творештво говореја македонскиот писател и литературен критичар Санде Стојчевски и големиот бугарски поет Љубомир Левчев. Истата вечер во 19 часот се одржа традиционалното поетско читање на македонските поети учесници на Четвртата книжевната визита во Софија.
На 16 мај се одржа врачувањето на наградата што ја доделува ИД Макавеј за афирмација на македонската литература во Р.Бугарија "Македонски книжевен Дедал" која што оваа година му беше доделена на познатиот бугарски поет и преведувач Петар Караангов. Тркалезната маса беше на тема: Рецепцијата на македонската литература во Р Бугарија и на бугарската литература во Р Македонија, со учество на Гордана Михајловска Бошнакоска, акад.Ристо Василевски, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Илија Велев, Игор Исаковски и Владимир Цветкоски и други научници и писатели од Р Македонија и Р Бугарија.

   
   
                                                                    Од настаните од 15 мај

   
   
                                                                    Од настаните од 16 мај

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија