Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Младинскиот културен центар од Скопје и Министерството за култура на Р.Бугарија на 30 октомври во 18:00 часот во галерија Средец во Софија беше отворена изложба под наслов Венеција виа МКЦ. Изложбата ја отворија зам.министерот за култура на Р.Бугарија Димитар Дерелиев и директорот на МКЦ – Скопје Борис Момироски.

Изложбата Венеција виа МКЦ претставува селекција на дел од актуелното творештво на македонски уметници што партиципираа во комплексната приказна за македонската сцена од осумдесеттите и деведесеттитете години на минатиот век и од првите осум од новиот милениум.
Опфатено е учеството на уметниците во периодот по осамостојувањето на Македонија како независен државен ентитет. Неоспорен е фактот дека повеќемина од нив, лансирани од МКЦ, кој имаше слух и ги антиципираше овие идни врвни носители на ликовната сцена во РМ и во странство, ја имаа честа да ја претставуваат Републиката во Венеција на Ликовното биенале и неговите придружни манифестации.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                           Нивни дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија