Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во КИЦ на Р Македонија во соработка со Националната галерија на Р Македонија на 24 фебруари во 18:00 часот беше отворена изложба на современата македонска сликарка Марија Павловска, под наслов "Трепет". Изложбата ја отвори директорот на Националната галерија на Р Македонија, г-ѓа Маја Крстевска.

Марија Павловска е родена во Скопје 1975 год., дипломирала и магистрирала отсек сликарство на ФЛУ–Скопје. Член е на ДЛУМ од 1999г. Автор е на седумнаесет самостојни изложби: Галерија Стоби; Музеј на современа уметност-Скопје; Галерија на ДЛУМ; Lang Gallery во Виена–Австрија; Белград-Србија, Галерија-73; Париз-Франција во Cite Internacionale des Arts; Нинберг-Германија; Њујорк-САД, Галерија на МЦ итн.
Добитник е на наградата за сликарство "Димитар Кондовски" во текот на 2003 год., на пеесетгодишнината на ДЛУМ. Наградата за цртеж на ДЛУМ, Откуп и колекција на НУБ Климент Охридски и е доделена 2005 год.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                        Нејзини дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија