Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, во соработка со Музејот на град Скопје, на 4 март во 18:00 часот во просториите на КИЦ, беше отворена изложба на фотографии под наслов "Фрагмети" од  Марин Димески. Изложбата ја отвори директорот на Музејот на град Скопје, Јован Шурбановски.

Марин Димески е професионален фотограф, роден е 1948  год. во Прилеп. Завршил историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Скопје. Со уметничка фотографија се занимава од 1970 година. Автор е на осум самостојни изложби, учествувал со свои дела и на поголем број групни изложби во земјата и странство на кои има добиено повеќе награди и признанија. Член е на ДЛУМ и на Здружението на применети уметности на Хрватска, на Хрватското друштво на ликовните Уметници на Истра.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија