Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот центар на Р.Македонја во Софија и Дирекцијата за култура на Градот Софија по повод денот на Софија 17 септември се отвори изложба на портрети на Мајка Тереза од современиот македонски сликар Мифтар Мемети.

Мифтар Мемети е роден 1954 г. во с.Раковец, Тетово. Во 1980 г. го завршил Факултетот за ликовни уметности во Приштина. До 2004 г. работел како наставник за ликовни уметности во сите тетовски средни училишта. Магистрирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Прштина во 2001 г. под менторството на професорот Тахир Емра. Во 2004 г. после озваничувањето на Тетовскиот универзитет го добил звањето доцент и бил избран за редовен професор за предметот Цртеж со сликарство. Автор е на десетина самостојни изложби, учествувал на голем број колективни изложби.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија