Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и во соработка со Музејот на современа уметност-Скопје и Националниот дворец на културата-Софија, на 17-ти ноември во 18:00 часот во Артгалерија, Национален дворец на културата - Софија беше отворена изложба на слики од современиот сликар Влатко Миладинов. Изложбата ја отворија директорот на НДК-Софија, Христо Друмев и директорот на Музејот на современа уметност-Скопје, Елиза Шулевска.

Влатко Миладинов е роден во Скопје 1968 година. Дипломиран историчар на уметност и сликар по вокација кој зад себе има повеќе од 15 години сликарски потраги. Позади себе има две самостојни изложби во Националната Галерија на Р.Македонија објект Мала станица (мај, 2007), Национална Галерија на Р.Македонија објект Чифте амам (ноември, 2004). Постојано изложени негови дела се: Во фоајето на Македонска опера и балет и Универзитет "Св.Кирил и Методиј" Скопје, како и голем број на дела кои ги красат приватните колекции во Европа, Америка и Австралија.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија