Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија, во соработка со Националната галерија на Р.Македонија, на 14 мај во 18 часот, во просториите на КИЦ, беше отворена изложба на современите македонски сликарки Наташа Станковска Зафировска и Наташа Милованчев. Изложбата ја отвори директорот на Националната галерија Маја Крстевска

Двете авторки се претставија со по дванаесет дела работени во маслена и комбинирана техника. Беа изложени дела од најновиот циклус на колажи и слики од Наташа Милованчев "Кодирани предели" и најнови дела од Наташа Станковска Зафировска.
Наташа Милованчев и Наташа Станковска Зафировска членки се на ДЛУМ, реализирале повеќе самостојни и групни изложби, учествувале на неколку домашни и меѓународни ликовни колонии. За своето творештво добитнички се на разни признанија и награди.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                           Нивни дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија