Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и Националната галерија на Р.Македонија, во соработка со Министерството за култура на Р.Бугарија, на 8 ноември во 18:00 часот во престижната галерија Средец беше отворена изложба на современиот македонски сликар Нове Франговски. Изложбата ја отворија заменик-министерот за култура на Р.Македонија Драган Недељковиќ и заменик-министерот за култура на Р.Бугарија Димитар Дерелиев.

Нове Франговски е роден во Галичник 1939 год. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности (оддел сликарство) во Белград, Р Србија. Специјализирал на Академијата за убави уметности во Рим, Италија, 1973 год. Во 1990 година ја оформува и раководи со Интернационалната ликовна колонија – Галичник. Работи како самостоен уметник.
Со над дваесет самостојни изложби се преставил во земјата и странство. Учествувал со свои дела на над 150 изложби во Р.Македонија и надвор од неа, како: Турција, Франција, САД, Велика Британија, Германија, Грција, Романија итн.
За своето творештво повеќе патти е наградуван.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија