Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во Софија и Националната галерија на Р.Македонија во соработка со Сојузот на ликовни уметници на Р.Бугарија на 9 септември во 18:00 часот во галеријата на Сојузот на ликовни уметници на Р.Бугарија, на улица Шипка се отвори ретроспективна изложба на современиот македонски сликар Новица Трајковски.

Новица Трајковски завршил Факултет за ликовна уметност во Скопје отсек сликарство во класата на проф.Родољуб Анастасов. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. Живее и работи во Скопје. Автор е на над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, учествувал во бројни групни изложби. Изложбата ја отворија г-ѓа Маја Крстевска-директор на Националната галерија на Р.Македонија, г-дин Д.Грозданов-претставник на Сојузот на ликовни уметници на Р.Бугарија и г-ѓа Доста Димовска-директор на КИЦ.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                          Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија