Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и НУ Центар за култура "Григор Прличев" од Охрид, на 16 јули во 18:30 часот во просториите на КИЦ беа претставени охридски роднокрајни писатели.

Пред љубителите на книгата во КИЦ на Р Македонија со учество на директорот на Центарот за култура на Охрид, г-ѓа Драгана Боцеска и современите писатели Смиле Наумоски и Тоде Илиевски беа преставени бележити писатели од минатото и современоста кои потекнуваат од Охрид: Григор Прличев, Коста Абраш, Ванчо Николески, Јован Котески, Живко Чинго, Трајан Петровски, Крсте Чачански, Смиле Наумоски, Милош Линдро, Тоде Илиевски, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорго Димоски и Зоран Јакимоски.
Истовремено од споменатите автори беа изложени книги, кои по завршувањето на изложбата беа подарени на фондот на библиотеката на КИЦ на Р Македонија.

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија