Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 2 јуни 2010 година (среда), во просториите на КИЦ во 18 часот беше организирана изложба на современата македонска сликарка Ирена  Паскали под наслов "Word, World, Way ..." (Збор, Свет, Пат ...) .

Ирена Паскали (1969) живее и работи во Скопје и Келн (Германија). Дипломирала на Ликовната Академија во Скопје, магистрирала на Академијата за Медијални уметности 2007 год. во Келн. Учесник е на резиденц-програми во Германија, Австрија, Франција, Америка. Паскали има реализирано самостојни изложби во Р.Македонија и повеќе европски метрополи, со свои дела учествувала и на многу видео фестивали и изложби: Португалија, Шведска, Швајцарија, Нагоја (Јапонија), САД, Англија, Австрија, Русија, итн.
Проектот е интерактивна инсталација која што е составена од три Холограми (3D Стереограми), три Холограми (3D нормални), три Холограми (3D рефлексиони) и една видео проекција. Интерактивната инсталација според Паскали преставува поврзување помеѓу синонимите што ги употребуваме да ги презентираме нашите мисли, движења, нашиот свет.
Паскали за своите дела е добитник на повеќе значајни меѓународни награди.

   
   
                                                                             Од самиот настан

   
   
                                                     Од интерактивната инсталација

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија