Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот центар на Р.Македонја во Софија и Министерството за култура на Р.Македонија на 25 ноември (вторник) во 18 часот се отвори изложба на современите македонски уметници Ангелина Поповска и Богоја Анѓелковски. Изложбата ја отвори ликовниот критичар Валентино Димитровски.

Ангелина Поповска (1967год.) дипломирала на ФЛУ-отсек сликарство, а магистрирала во Белград на Катедрата за конзервација и реставрација. Автор е на две самостојни изложби, учествувала на неколку групни изложби во земјата и странство. Наградувана е со неколку меѓународни и домашни награди: Прва награда на ДЛУМ 2005, Прва награда "Петар Мазев" итн.
Скулпторот Богоја Анѓелковски (1963год.) дипломирал на ФЛУ-отсек вајарство. Автор е на неколку самостојни изложби. Добитник е на наградата „Нерешки мајстори„ на ДЛУМ,1993год., Прва награда за идејно решение за спомен обележје на Никола Карев,2008, Откупна награда за идејно решение за спомен –обележје на Цар Самоил,2008год.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                           Нивни дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија