Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Националната галерија на P.Македонија, на 19 април, во 18:00 часот во Артгалеријата на НДК беше отворена изложба на  современиот македонски сликар Решат Амети. Изложбата беше посветена на г-ѓа Доста Димовска, досегашен директор на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија, за нејзината голем придонес во афирмацијата на македонската култура во Р.Бугарија. Г-ѓа Димовска, по кусо и тешко боледување, почина на 4 април 2011 година во Софија. .

Решат Амети е роден на 16.05.1964 година во Гостивар . Дипломирал во 1988 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а постдипломски студии завршил на Факултетот за ликовна уметност во Приштина.
Добитник е на повеќе награди и признанија: награда за сликарство "Лазар Личеноски“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија; награда "Saloni i Gjilanë“ на Друштвото на ликовните уметници од Гнилане, Косово; награда за "Дела со високо уметничко ниво во националното и меѓународното вреднување“ на Друштвото "Тирана“, Албанија; Форум "Veltoffen“, Виена; награда на Здружение на ликовните уметници на Македонија "Draudacum“; "Ноемвриска награда“ (2006 г.)
Амети е потпретседател на ДЛУМ, член на ЗЛУМ Гостивар, член на "Art Forum Weltoffen“, Виена.
Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор од неа, а исто така, има реализирано и повеќе самостојни изложби во: Њујорк, Нирнберг, Хамбург, Виена, Париз, Гронингем, Тирана, Призрен.
Денес работи како визитинг-професор по сликарство на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                        Негови дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија