Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Културно-информативниот Центар на Р Македонија и ИД Макавеј-Скопје, на 28 фебруари во 18 часот организираа Книжевна вечер со македонскиот современ писател Санде Стојчевски.

Санде Стојчевски е роден 1948 год. во Студена Бара, Кумановско. Дипломирал на Филозофскиот Факултет во Скопје. Пишува поезија,литературна критика и есеи. Објавил девет книги критики и есеи, над петнаесет книги поезија, неколку книги со одбрани творби, застапен е во многу поетски антологии. Преведен е на хрватски, полски, албански, бугарски, англиски, српски, турски итн. За извонредно богатото творештво добитник е на наградите Кочо Рацин (за книга поезија,1972 год.), Григор Прличев (за поема,1998 год.), Димитар Митрев (за критика и есеи,1999 год.) и Браќа Миладиновци(за поезија,2001 год.).

   
   
                                                                        Од книжевната вечер

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија