Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 17 фебруари, во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена изложба на познатата македонска ликовна уметничка Симонида Филипова-Китановска "Црн зачин, добар за око". Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р.Македонија во Софија г-дин Васко Шутаров.

Симонида Филипова-Китановска веќе години наназад остава силен и препознатлив белег на македонската и интернационална ликовна сцена, а портфолиото на најзиниот творечки опус го обележуваат стотина самостојни изложби, учества на групни изложби и ликовни колонии, ширум Европа и САД. Изложените дела во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, заокружуваат два циклуса слики представени на самостојни изложби во последните година и половина, од нејзиниот творечки опус.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                        Нејзини дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија