Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Музејот на современата уметност на Република Македонија, во рамките на Програмата за меѓународна соработка на Министерството за култура на Република Македонија, на 1 септември, во 18:00 часот во Галеријата Средец беше отворена изложба на  современа македонска уметност, под наслов "Синестезија". За уметничките вредности на изложбата говореше Елиза Шулевска, директор на Музејот на современата уметност на Република Македонија. Изложбата беше отворена во присуство на Министрите за надворешни работи на Република Македонија и за култура на Република Бугарија, г-дин Никола Попоски и г-дин Вежди Рашидов.

Овој културен настан се организира во рамките на чествувањето на 20-годишнината од Независноста на Република Македонија, а воедно ќе биде посветен и на Денот на град Софија – 17 Септември.
На изложбата беа прикажани дела на 14 македонски современи уметници, чие што творештво ја профилира македонската ликовна сцена: Томе Аџиевски, Тони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Вана Урошевиќ, Јане Чаловски, Исмет Рамиќевиќ, Отец Методиј Златанов и групата ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски).
Досега, овој проект беше реализиран во Виена, Скопје, Рим и Белград.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                                     Дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија