Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 16 јуни 2011 година се одржа концерт на Скопскиот дувачки квинтет, во Националниот музеј "Земјата и луѓето" во Софија. На програмата беа дела од Фаркаш, Хајдн, Бизе, Гершвин, Бранѓолица, Смокварски...

Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од триесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба, меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Во него доаѓаа и заминуваа големи мајстори на своите инструменти, секогаш со желба и пораки, Скопскиот дувачки квинтет да опстане и продолжи.
Заради своите успеси, овој камерен состав е многупати наградуван со врвни награди и признанија.
Од 2002 година, Скопскиот дувачки квинтет ја продолжува својата уметничка дејност под уметничко водство на Проф.М-р Васил Атанасов. Минатата година, Скопскиот дувачки квинтет го издаде и својот прв компакт диск. Сегашниот состав го сочинуваат познати македонски уметници и членови на Камерниот оркестар "Скопски солисти“, Н.У.Македонска филхармонија и Н.У.Македонска опера и балет: Ванчо Аревски, флејта; Васил Атанасов, обоа; Ристо Ѓоревски, кларинет; Марјан Милошевски, фагот; Александар Гошев, хорна.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија