Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во Софија на 20 октомври 2011 година, во просториите на КИЦ, се одржа концерт на ДУО СКУПИ (Јета Старова - Мехмети и Ермал Мехмети).

ДУО СКУПИ постои од 2006 година, од тогаш со голем успех настапува на значајни фестивали, манифестации и рецитали во Македонија и во странство. Добитник е на признание “DISTINGUISHED MUSICIANS” на меѓународниот натпревар во Рагуза, Италија. Во Р.Македонија,  ДУО СКУПИ е добитник на едно од најзначајните признанија во државата: Статуетка за хумани и музички активности "Мајка Тереза​​".
Јета Старова Мехмети студира и дипломира на Националниот Музички Конзерваториум "Алфред Корто", во класата на светски познатиот флејтист Пиер-Ив Арто. Магистрира на државниот универзитет "Свети Кирил и Методиј" во Скопје, под менторство на албанскиот флејтист Елвис Руди. Добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари.
Ермал Мехмети е разноврсен музичар: виолинист, композитор и аранжер. Студира и дипломира на Академија за Уметност во Тирана, Албанија, во класата на светски познатиот виолинист и педагог проф. Ибрахим Мади. Специјализира на Националниот Музички Конзерваториум  "Алфред Корто" во Париз во класата на проф. Соланж Десанж. Добитник е на награда за најдобра композиција во Италија во 1995 година. Добитник е и на награди на фестивалите "Teens Fest" и "Nota Fest". Магистрира при Институтот за Фолклор "Марко Цепенков" во Скопје.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија