Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија и НУ-Центар за култура "Бели Мугри" - Кочани на 1 јули во 18:00 часот во просториите на КИЦ беше отворена историска изложба под наслов "Војводата Славчо Абазов". Автори на изложбата се професор д-р Зоран Тодоровски и м-р Мирјана Нинчовска. Изложбата ја отвори директорот на Државниот архив на Р Македонија д-р Зоран Тодоровски.

Изложбата е посветена на Злетовскиот војвода Славчо Анастасов Абазов, кој како борец за македонската слобода и независност, си го вгради името не само во богатата историја на злетовско-кратовскиот крај, туку и во македонската историја од крајот на 19 и првата половина на 20 век. Уште од својата рана младост тој се вклучил во македонското ослободително револуционерно движење и до крајот на својот живот останал активен во него.
Во подготовката на изложбата користени се материјали од Државниот архив на Р.Македонија, од архивот на МАНУ и од други научни установи и музеи од Р.Македонија како и од Централниот државен архив на Р Бугарија, Државниот воено-историски архив од Велико Трново и други архиви и музеи од Р Бугарија.

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                    Фотографии и документи представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија