Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Домот на културата "Лазар Софијанов" од Кратово на 15 ноември во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена ретроспективна изложба со цртежи и слики, инспирирани од старата архитектура на градот Кратово. Изложбата беше отворена од директорите на КИЦ на Р.Македонија во Софија и Домот на културата во Кратово, г-н Васко Шутаров и г-н Живко Крстевски.
Традиционалната Детска ликовна колонија посветена на оваа тема, се одржува секоја година во организација на Домот на културата "Лазар Софијанов" од Кратово, а во неа учествуваат ученици од бројни училишта во Р.Македонија но и ученици од Р.Бугарија и Р.Србија. Неисцрпна инспирација за младите ликовни уметници се старите кратовски кули, мостови, чешми, куќи...

   
   
                                                                           Од самата изложба

   
   
                                           Нивни дела представени на изложбата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија