Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија во соработка со Националната галерија на Р.Македонија и Дирекцијата за култура на градот Софија на 26 ноември 2009 година (четврток), во салата Надежда во Градската библиотека во 18 часот беше одржана вечер посветена на македонскиот уметник Киро Урдин и неговиот документарен филм "Вода и оган".

Реномираниот македонски уметник Киро Урдин е роден 1945 година во Струмица, Република Македонија. Во 1969 година дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград. Во периодот 1973-1974 студирал на Academie des Arts Plastiques во Париз, Франција, а во 1977 година се здобива со диплома по режија на Академијата за филм, од Париз, Франција. Од 1984 година работи како независен сликар во различни земји. Од 2005 година е член на Македонската академија на науките и уметностите. Во својата творечка кариера има реализирано над 40 самостојни изложби ширум светот и над 30 групни претставувања.
"Вода и оган" е филм од богатото творештво на Киро Урдин и се однесува на подигање на еколошката свест во светот. Филмот кој датира од 2008 година и е продуциран од Осмоза продукција, е добитник на повеќе награди на значајни фестивали во светот.

   
   
                                                                             Од самиот настан

   
   
                                                               Од проекцијата на филмот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија