Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија на 23 април во 19:00 часот во Камерната сала "Бугарија"– Софија, се одржа концерт на камерното дуо Весна Ангелова-пијано и Момчило Куфојанакис-виолина. На програмата на камерното дуо беа композиции од Бетовен, Тартини и Виенјавски.

Весна Ангелова е магистер по пијано на ФМУ, работи како професор по пијано и пијано соработник на инструменталниот отсек во ДМБУЦ "Илија Николовски-Луј"-Скопје. Има реализирано бројни соло рецитали и камерни концерти. Работи и како надворешен соработник на Македонската Филхармонија. Весна е добитник на први награди на државните натпревари по пијано во 1992, 1995 и 1998 год., како и специјална награда на меѓународниот натпревар по пијано во Нови Сад, Србија.
Момчило Куфојанакис е роден 1988 год. во Скопје, сега е студент на втора година на ФМУ во Скопје. За талентот на Момчило говорат и бројните досега освоени награди на државните натпревари во Скопје 1999, 2001, 2002, 2004, како и меѓународните од кои и Прва награда на Меѓународниот натпревар за класична музика во Приштина -2006 год.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија