Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
09:00-17:00 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија на 29 септември во 19:30 часот во Камерната сала "Бугарија"– Софија, се одржа камерен концерт на Владимир Лазаревски (обоа) и Милица Шкариќ (пијано). На програмата беа изполнети дела од Петрич, Петрович, Стојков, Борисов, Славицки.

Владимир Лазаревски завршил Музичко училиште "Илија Николовски-Луј " во Скопје. Студирал на Националната Музичка Академија "Панчо Владигеров” во Софија, кај проф. Георги Желјазов, каде што дипломирал и магистрирал во текот на 2003 година. Една година престојувал во САД како стипендист на музичката академија "Лонџи” во Бостон, учел во класите на проф. Вејн Рејпиер и проф. Марк МекЕван, врвни обоисти на оркестарот на Бостонската филхармонија, каде ги заокружува своите постдипломски студии во 2006 година.
Лазаревски учевствува на голем број натпревари каде е доботник на бројни награди. Во моментов, Владимир Лазаревски е доцент по обоа, камерна музика и методика на дувачките инструменти на Факултетот за музичка уметност на државниот универзитет "Гоце Делчев“ во Штип и е хонорарен соработник на Македонската филхармонија.
Милица Шкариќ, дипломирала пијано во Париж на Ecole Normale de Musique de Paris. На истата институција се здобива со диплома по камерна музика. Три години се усовршува како солист во класата на професорот Евгениј Королјов на Факултетот за музичка уметност во Хамбург, Германија. Во текот на 2004 – 2005 таа престојува како гостин професор на Факултетот за музичка уметност во Ен Арбор, Мичиген, САД. Професор е по пијано, камерна музика и методика на државниот универзитет на Факултетот за музичка уметност во Штип.

   
   
                                                                                     Од концертот

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија