Културно-Информативен Центар
на Р.Македонија во Софија
почетна
галерија

Работно време:
понеделник-петок
08:30-16:30 часот

Повелете,
посетете не!


 

 

Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 6 април во 17:30 часот во просториите на КИЦ беше организирана промоција на две збирки драми "Чевлички од челик" и "Душички" од Загорка Поп-Антоска Андовска. За делата на Поп-Антоска Андовска зборуваше познатиот театролог од Бугарија, Г-ѓа Василка Бумбарова. Гостите ги претстави директорот на КИЦ на Р.Македонија во Софија, Васко Шутаров.

Доц.Мр. Поп-Антоска Андовска дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на катедрата по Драматургија. Автор е на повеќе драмски текстови, кои се поставени на македонските театарски сцени и на повеќе театарски сцени во регионот. Доц.Мр Загорка Поп-Антоска Андовска предава Драматургија и Филмско и Тв сценарио на Универзитетот за Аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк.

   
   

                                                                                Од промоцијата

 

Културно-Информативен
Центар на Р.Македонија
e-mail:rmkic@yahoo.com
тел/факс: 029461492
ул. Обориште 7
1504 Софија